Нови „епизоди“ од секс аферите на Спејси: „Ми ги пикна рацете во панаталони и ме фати за…“


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Нови обвинувања за сексуално и предаторско однесување кон мажи и жени се појавија против актерот Кевин Спејси, пренесува ВВС.

Обвинувањата се однесуваат на периоот помеѓу 1980 и 2016 година, додека Спејси работел во Холивуд, а истовремено и како режисер во лондонскиот Old Vic.

Бившата телевизиска водителка Хедер Унрух, на конференција за медиумите во Бостон, изјави дека Спејси сексуално го злоупотребувал нејзиниот син кога тој имал  18 години. Тоа се случило во бар во Нантакет, Масачусетс. Изјави дека славнот актер на момчето му купувал алкохол, иако според тамошните закони алкохол можат да конзумираат само оние повозрасни од 21 година. Откако го опил, „Спејси му ја пикнал раката во панталоните и го фатил дечкото за гениталиите“.

Додаде дека Спејси го викал нејзиниот син на забава, но дека тој побегнал од барот кога актерот отишол во тоалет. Унрух ја потврди информацијата за отворање на истрагата.

„Срам да ти е за тоа што му го направи на мојот син. Направи кривично дело“, му порача таа на Спејси низ солзи.

Барменот Крис Никсон од Белфаст, Северна Ирска, изјави дека работел во близина на театарот Old Vic во 2007 година, кога Спејси сексуално го нападнал на забава.

„Седеше покрај мене на мебелот, а тогаш тој ме заграпчи за пенисот“, изјави Никсон, додавајќи дека Спејси му предложил секс, после што тој побегнал.

Две недели подоцна Никсон бил во подрумот од барот во кој работел, кога се појавил Спејси, го фатил и барал „да му се оддолжи“.

„Не сакав да правам сцена, беше гостин. Не сакав ни да добијам отказ. Сè додека Ентони Рап не проговори, никому не сум му кажал за ова“, вели Никсон.

Во меѓувреме, и еден американски режисер откри дека Спејси сексуално го злоупотребувал кога тој бил 22-годишен млад член на филмската екипа. Тој денес има 44 години, а неговиот идентитет не е јавно откриен. За ВВС изјави дека Спејси сексуално го злоупотребувал во 1995 година, за време на снимањето на филмот Albino Aligator.

Кејт Едвардс, која работи како професорка во Лондон, тврди дека доживеала непријатна ситуација со Спејси кога била асистентка во продукцијата од претставата Long Day’s Journey Into Night во 1986 година. Тогаш имала 17 години, а актерот во разговор со неа во лифт и ја поканил на забава во неговиот стан. Кога стигнале, во станот немал никој. Изјави дека доброволно го бакнала Спејси, но се чувствувала непријатно кога видела дека никој не доаѓа.

„Му реков дека сакам да одам дома за да се преслечам, чувствував притисок, а тогаш неговите намери станаа јасни. Сакаше секс. После тоа стана ладен и ми рече сама да си излезам“, објаснува Едвардс.

После тоа Кевин веќе не разговарал со неа, а таа станала депресивна, поради што веќе не можела да ја работи работата на споменатото место.