Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
И денеска скопските образовни институции ги дочекаа серија нови дојави за подметнати бомби.
Пријави за поставени бомби стасаа и денес во неколку училишта во Скопје. Од Министерството за внатрешни работи (МВР) велат дека се преземени мерки за евакуација се прават антитерористички проверки. Се работи за бројка од 14 училишта.
„Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите”, велат од МВР.
Дојави за поставени експлозивни направи имаше и вчера. Се работеше за бројка од 86 училишта во Скопје, една градинка, едно училиште во Прилеп и Заводот за рехабилитација во Скопје.
Заканите за бомби станаа секојдневие, а до сега сите беа лажни.