Нови детали од истрагата тврдат дека Емилијано Сала се отрул со јаглерод моноксид пред авионот да се сруши


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Аргентинскиот фудбалер Емилијано Сала требаше да биде големо засилување за Кардиф, но на 21 јануари 2019 година го загуби својот живот заедно со пилотот Дејв Иботсон.

Иако многумина сметаат дека причина за тоа што го загуби животот е давење во вода, сепак фудбалерот починал од тешки повреди на главата заработени при падот. Познато е од претходно дека Сала се јавил неколку часа пред несреќата на неговите пријатели и им кажал дека авионот има голема шанса да се распадне.

На последните тестови кои биле направени на телото на поранешниот напаѓач може да се забележи дека при падот на авионот бил изложен на голема количина на јаглерод моноксид.

Сала тргна кон Кардиф на 21 јануари 2019 година, откако за 15 милиони фунти си договори трансфер од Нант, но никогаш не го облече дресот на тимот поради несреќата.