Нови четири „бомби“ објавени на руска социјална мрежа


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


На само два дена пред почетокот на изборниот молк, на руската социјална мрежа ВКонта́кте од анонимен профил, именуван како Илија Громовник се објавени прислушувани телефонски разговори на функционери од власта, но и опозицијата, како поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска.

Еден од разговорите наводно е меѓу поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и сегашниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, другиот е меѓу професор Љубомир Фрчкоски и аналитичарот Алберт Муслиу, третиот меѓу поранешниот претседател Бранко Црвенковски и негова соработничка, а на четвртот разговор веројатно се слуша гласот на поранешен директор на ЕЛЕМ.

Не е јасно во кој период се одвиваат разговорите.

Од Специјалното обвинителство гарантираат дека од кај нив дека нема протечено ниту еден материјал и најавија дека ќе проверат дали ги поседуваат истите разговори, јави телевизијата 24 вести.

Според објавените разговори, се чини дека станува збор за досега необјавени материјали. Ова не е прв случај на интернет од непознати профили и адреси да бидат пуштани прислушувани разговори во кои се функционери од опозицијата или власта.