Нови бомби на социјалните мрежи: Мендух Тачи со Оливера Трајковска


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


На Фејсбук деновиве повторно беа објавени нелегално прислушкувани разговори, овојпат помеѓу лидерот на ДПА, Мендух Тачи и познатата водителка Оливера Трајковска. Во трите објавени разговори, кои најверојатно се снимени по претходните парламентарни избори, двајцата ги ’озборуваат’ политичките противници, и ги анализираат резултатите.

На социјалните мрежи протекоа нови аудио-материјали на кои се слуша гласот на лидерот на ДПА Мендух Тачи со новинарката Оливер Трајковска. Станува збор за групата наречена „Против Владата во Македонија“ која вчера објави три кратки аудио снимки на кои лидерот на ДПА Мендух Тачи и новинарката Оливера Трајковска разговараат за изборни резултати.

Аудио снимките се преслушани илјадници пати, но нема информација кој е изворот и дали тие се дел од пакетот прислушувани материјали кои опозициската СДСМ му ги предаде на СЈО. На страницата пред еден месец има споделено аудио и од разговор на кој се слушаат гласовите на Ермира Мехмети и Муса Џафери. Оттаму пред неколку месеци објавија дека водат предистражна постапка за приватните разговори кои беа објавени на социјалните мрежи.