Home Актуелно Нови 3 милијарди долари заработка за Безос од продажба на акции во Amazon

Нови 3 милијарди долари заработка за Безос од продажба на акции во Amazon

Според податоците на Американската комисија за хартии од вредност и берзи, кои беа објавени вчера, првиот човек на Amazon, Џеф Безос, продал акции од својата компанија во вредност од 3 милијарди долари.

Безос од продажба на акции оваа година веќе заработи 10 милијарди долари, објави СЕЦ.

Тој во 1994 година го основа Амазон и сѐ уште е најголемиот акционер на компанијата. Богатството на 56-годишникот се проценува на 190 милијарди долари, што го прави најбогатиот човек во светот според Форбс и Блумберг.

Вредноста на Амазон е проценета на 1,6 трилиони долари, а од почетокот на оваа година порасна за повеќе од 75 отсто.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Драгана Мирковиќ се огласи на годишнината од бракот од оваа луксузна дестинација – го потврди својот емотивен статус

Разводот на Драгана Мирковиќ и Тонија Бјелиќ се случи пред една година Веста за разводот н…