Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Владата одлучи на ЕСМ од буџетот пак да му префрли, овојпат 25 милиони евра, за надминување на енергетската криза со електрична енергија. „Со оваа одлука се одобруваат финансиски средства во износ од 1.500.000.000 денари на Акционерското друштво за производство на електрична енергија, Електрани на Македонија, во државна сопственост, Скопје“, пишува во соопштението од владината седница одржана на 21 декември.
Еден месец пред тоа, на 29 ноември, Владата на ЕСМ му префрли 11,5 милиони евра за истата намена – справување со кризната состојба. Во ноември ЕСМ продажба од Владата доби 7,7 милиони евра за обезбедување на субвенционирана електрична енергија за компаниите од прехранбениот сектор, училиштата и водоводните претпријатија.
Четири месеци пред тоа за таа намена беше одлучено на ЕСМ да му се префрлат 50 милиони евра. На почетокот на годинава беа префрлени 80 милиони евра.
Вкупно, годинава околу 175 милиони евра буџетски средства се потрошени за енергетската криза со електричната енергија.
Иако одговорните лице ја убедуваа македонската јасвност дека домашното производство во најголем дел ќе ги задоволи потребите на потрошувачката во земјата, сепак тоа не се случи. ЕСМ и месецов продолжува да купува струја.
Регулаторната комисија за енергетика до крајот на годинава треба да донесе одлука колкаво ќе биде зголемувањето на цената на струјата за домаќинствата, откако ЕВН хоум од ЕСМ доби понуда од 56 евра за мегаватчас за покривање на 100 отсто од вкупно планираните количини. Оваа цена е за околу 16 отсто повисока од претходната цена, 48 евра за мегаватчас, за периодот јули-декември.