Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Во последните 24 часа потврдени се 1.865 нови случаи на Ковид-19. Од вкупниот број на позитивни – 1.865, регистрирани се 207 реинфекции. Регистриран е 871 случај во Скопје, Битола – 177, Прилеп – 119, Куманово – 86, Охрид – 60, Кавадарци и Велес – по 53, Кичево – 46, Штип – 40, Струмица – 38, Тетово – 37, Гевгелија – 28, Гостивар – 27, Неготино – 24 и 23 во Радовиш.
Министерството за здравство (МЗ) денеска информираше дека во изминатото деноноќие од Ковид-19 починале 8 лица. Починале по 2 лица од Скопје (81г и 86г) и Битола (65г и 66г) и по едно лице од Прилеп (45г), Охрид (69г), Струмица (68г) и Валандово (72г).
Потоа, регистрирани се по 22 случаи на Ковид-19 во Струга и Ресен, Кочани – 21, Крушево – 20, Валандово – 15, Делчево – 14, Крива Паланка – 12, Свети Николе – 10, Богданци – 9, Пробиштип – 8, Берово – 6, Македонски Брод – 5, Демир Хисар – 4, Виница, Кратово и Демир Капија – по 3, Македонска Каменица и Пехчево – по 2 и по 1 во Дебар и Дојран.
Регистрирани сe 784 оздравени пациенти, односно од Скопје – 477, Битола – 52, Прилеп – 40, Кавадарци – 30, Велес – 22, Охрид – 19, Куманово – 18, Гевгелија – 16, Штип, Тетово и Кочани – по 14, Струмица – 9, Радовиш – 8, Валандово – 7, Кичево и Ресен – по 6, Неготино – 5, Гостивар, Крива Паланка и Свети Николе – по 4, Делчево, Пробиштип и Македонски Брод – по 3 и по 1 од Струга, Крушево, Богданци, Демир Хисар, Дебар и Дојран.
„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 239.920, бројот на оздравени пациенти е 217.305, на починати е 8.070, а бројот на активни случаи изнесува 14.545“, стои во соопштението на МЗ.
Досега во земјава се направени вкупно 1.686.063 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 6.173 тестови.