Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Реал Мадрид пред неколку дена го купи левиот бек Ферланд Менди од Лион за 50 милиони евра.
Младиот дефанзивец зад себе имаше одлична сезона во Лион, но ретко кој ја знае неговата животна приказна.
Пред десет години Менди не можел да се движи. На само 11 години го загубл татко му, а само година подоцна му била дијагностицирана инфекција на колкот.
Докторите му порачале дека никогаш повеќе нема да може да игра фудбал, но Менди никогаш не се откажал. Со месеци траела рехабилитацијата, па тој повторно учел да оди и успеал да стигне повторно на теренот.
„На само 15 години имав операција на колкот и докторите ми рекоа дека никогаш повеќе нема да играм фудбал. Бев во инвалидска количка одредено време и поминав седум месеци во болница на рехабилитација. Учев повторно да одам, а сега сум во Реал Мадрид. Неверојатно…“, порача Менди.