Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Ако некој ви каже дека никогаш не јадел додека работел на лаптопот или пред мониторот и над тастатурата од својот десктоп компјутер, при што му паѓале ронки на тастатурата која дополнително збира и прашина (нормално), да знаете дека ве лаже. Но, сега проблемот со ронките под копчињата од тастатурата може да стане минато благодарение на иновативното решение од Apple, пишува Daily Mail.
Новиот дизајн на тастатурата може да го реши проблемот со прашината и нечистотијата која навлегува во отворите меѓу копчињата. Можете да бришете со влажни марамчиња, да чистите со четка, да дувате, но сепак не излегува сета нечистотија кај обичните тастатури. Не само што може да изгледа гадно, туку некогаш треба да се замени и цела тастатура.
Патентот на Apple има за цел да ги заштити лаптопите од загадувачи, вклучително и прашина и течности. Остатоците од некои течности како шеќерот може да предизвикаат коризија или да го блокираат контактот. Прашината, пак, и остатоците од храна може исто така да ги заглават копчињата.