Новата серија на Netflix веќе ја прогласија за најстрашната во оваа година


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Од пред неколку дена, на Netflix, достапна за гледање е новата серија, The Haunting of Hill House, која мнозинството гледачи веќе ја прогласија за најморбидна серија на годината.

Базирана на истоимената класика од Ширли Џексон, која десет години подоцна послужи како предлошка за филмот The Haunting, сценариото за серијата го напиша и истата ја режираше Мајк Фланаган, познат по хорорите Hush и Ouija: Origin of Evil.

Дејството ги следи петмина браќа и сестри пораснати во дом кој ќе стане најпознатата проколната куќа во земјата. „Сега се возрасни и трагедија ги принудува да се вратат и да се соочат со духовите од минатото, од кои некои уште ги притискаат во нивните мисли, а други можеби ги гледаат од сенката на Hill House“, стои во описот на серијата.

Користејќи го трагичното собирање на семејството како почетна точка, серијата низ 10 епизоди ја открива дисфункционалноста на возрасните личности кои ја напуштиле страшната вила откако починала нивната мајка. Серијата се занимава со трауматичниот настан и психолошките ефекти кои ги имал до денес, а кои се манифестираат низ ментални болести, тајни, лаги и предавства.