Новата јакна од „Дизни“ ќе ги воодушеви обожавателите на виртуелната реалност


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Соработката помеѓу истражувачкиот тим на компанијата „Дизни“ со истражувачите од лабораторија на MIT и Карнеги Мелон универзитетот резултираше со иновација во форма на јакна со виртуелна реалност (VR) која овозможува, на пример, обвиткувањето и стегањето на змијата која го обвиткува вашето тело (во видео игра или симулација) вистински да го почувствувате.

Таа функционира во комбинација со VR кацига, и е исполнета со воздушни перничиња кои ги имитираат притисокот и вибрациите на виртуелните објекти.

Поврзана со компјутерски софтвер кој ги контролира преградите кои се надувуваат, јакната може да репродуцира разни сензации, додавајќи нови видови перцепција и длабочина на VR искуството, креирани со модифицирање на брзината, силата и траењето на надувувањето и дефлацијата на воздушните перничиња.

Истражувачите развиле 3 прототипи на VR симулации за да ги прикажат можностите на јакната. Едната од нив ја става личноста во снежен двор каде со останатите се удираат со снежни топки, втората овозможува да се почувствува голема зелена змија која се обвиткува околу торзото и ги стега градите, додека третата овозможува личноста да се гледа во форма на топлес аватар кој може да се трансформира во „мускулест херој“ чии мускули на рацете растат како оние на бодибилдерите.

Елекот на јакната бил направен од елек за спасување од кој била отстранета пената, а вкупната нејзина тежина е околу 2.2kg.