Новата 2022 година носи и ново поскапување на горивата


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Првата ценовна корекција за 2022 година на Регулаторната комисија за енергетика носи поскапување на горивата за 1,5 денар по литар. Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,17 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 75 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 77, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 65,5 денари за литар исто како и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1).

Со одлуката на РКЕ за 0,850 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 40,21 денар.

Како причина за зголемувањето на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат зголемените референтни цени на нафтените деривати на светскиот пазар во изминатите седум дена и тоа кај бензинот во просек за 4,218 отсто и кај дизелот во просек за 3,934 отсто, како и за околу 0,217 отсто понискиот курс на денарот во однос на доларот.