Новак и Јелена Ѓоковиќ позитивни на тестот за КОВИД-19


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Oд неделата во медиумите главна тема е Адрија Тур кој го организираше Новак Ѓоковиќ заедно со уште неколку лица.

Потврдени како позитивни на коронавирусот беа неколку тенисери, а денес стигнаа резултатите и од тестот на Новак. И Ѓоковиќ е позитивен на коронавирус, а со него и неговата сопруга Јелена. Тестовите на децата не биле позитивни.

Новак изминатиов период напорно работеше на организирање на тениски турнири на Балканот, и покрај пандемијата на коронавирус, успеа да договори звучни имиња и да се одржат турнири во Белград и Задар.

Сепак, сето ова на крајот му се удри од глава. Во неделата алармите се вклучија откако Григор Димитров соопшти дека е заразен со ковид 19. Потоа позитивни испаднаа уште три лица, едно петгодишно дете кое се дружело тенисерите, како и Виктор Троицки, кој настапи само на турнирот во Белград.

Денеска пристигнаа и резултатите на Новак Ѓоковиќ, најдобриот тенисер на АТП листата и неговата сопруга Јелена се позитивни на коронавирус.

„По враќањето во Белград, веднаш бевме тестирани. Мојот и на Јелена се позитивни, на децата се негативни“ – се вели во соопштението на Србинот.

„Се што сработивме изминативе месец дена беше со чисто срце и искрени намери. Турнирите беа од хуманитарен карактер со идеја да им се помогне на тенисерите од регионот, да им овозможиме услови за игра, услови за приходи, и на тој начин да им помогнеме во овој тежок период“.

„Во исто време, сакавме да испратиме порака за солидарност и фер-плеј. Целта беше да им помогнеме и на добротворните организации и оние кои им помагаат на луѓето кои се најпогодени, и мило ми е што голем број на луѓе се придружија на иницијативата“,

„Ги организириавме турнирите во период кога вирусот беше ослабнат, и кога верувавме дека има услови за игра“.

„Навистина ми е жал што се случи ова. Ги следам препораките на лекарите и се надевам дека бројот на заразени нема да порасне. Се надевам дека никој нема да има здравствени компликации и се ќе помине добро. Јас ќе бидам во самоизолација во следните 14 дена, ќе направам нов тест за 5 дена“.