Нова загуба за театарскиот свет: Почина македонскиот режисер Златко Славенски


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Во само неколку дена македонската театарска и уметничка сцена, но и македонската култура генерално, доживеаја уште една загуба на големо име од светот на театарската уметност со ненадејната смрт на познатиот македонски режисер Златко Славенски.

Златко Славенски беше вработен како професор на Факултетот за драмски уметности. Тој е роден во Скопје во 1966 година.

Според неофицијалните информации, на Славенски му се слошило за време на час со студентите.

Во неговата богатата режисерска кариeра ги има поставувано текстовите на големи авторски имиња како Шекспир, Гете, Пинтер, Горан Стефановски, Сашко Насев, Венко Андоновски.

Беше режисер на бројни театарски претстави меѓу кои „Соларис“, „Супернова“, „Папокот на светот“, „Бесови“. Беше познат по неговите обиди да ги преиспитува границите на театарот како медиум.