Нова високопрецизна 3D метода со која процесот на печатење завршува за 30 секунди


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Научниците од Федералната политехничка школа на Лозана (EPFL) развија нова високопрецизна 3D метода на печатење која овозможува печатење на многу мали, меки предмети. Главната прогресивна предност на овој нов процес на 3D печатење е неговата брзина – потребни се помалку од 30 секунди од почеток до крај на процесот.

Тимот вели дека нивниот нов процес има широк спектар на потенцијална употреба, вклучувајќи и 3Д-биопечатење.

Сепак, предностите што ги нуди новиот метод во однос на постојните методи го прават идеален за области како медицината и биологијата, особено ако станува збор за изработка на меко ткиво, како органите и слушни помагала.

Новиот метод се базира на принципот на томографија – метод што се темели на математичка процедура на обработка на снимка или томографска реконструкција на снимка со примена на современи компјутери и програмски пакети.

За да се испечати предметот, неопходно е фоточувствителната смола да се осветли од повеќе агли и предметот во неа да се формира како целина, а не дел по дел, што е случај кај претходните методи.

Моментално, системот може да создаде структури од 2 сантиметри со прецизност од 80 микрометри, што е големина колку влакно од коса. Ќе биде возможно и печатење на поголеми предмети до 15 сантиметри, со оглед на тоа што тимот развива нови уреди.