Нова трагедија го потресе фудбалскиот свет!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Нова трагедија го погоди фудбалскиот свет. Поранешниот фудбалер на Астон Вила, Џејлојд Самуел го загуби животот во сообраќајна несреќа.

Долгогодишниот член на Астон Вила и репрезентативец на Тринидад и Тобаго, настрада во директен судир кој се случи утрово, откако ги одведе децата во училиште.

Веста за трагедијата на 37-годишниот поранешен фудбалер го објави фудбалскиот сојуз.

„Добивме ужасни вести дека нашиот поранешен репрезентативец и играч на Астон Вила и Болтон, Џејлојд Семјуел, загина во сообраќајна несреќа во Англија, ова утро“, известуваат од Фудбалскиот сојуз на Тринидад и Тобаго

Самуел сениорската кариера ја започна во Астон Вила, а во Премиер лигата играше уште и за Болтон.