Актуелно

Нова „Траекторија“: Кој каде – Груевски на суд

Ново рочиште за случајот „Траекторија“ на СЈО, во кој се обвинети бившиот премиер Никола Груевски, бившиот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, како и поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски и бившиот директор на Агенција за државни патишта, Љупчо Георгиевски, е закажно за денес во Кривичниот суд во Скопје.

На претходното рочиште од овој случај, сите обвинети предметот пред судот рекоа дека не чувствуваат вина за обвиненијата на СЈО.

Судот освен “бомбите“ одлучи како доказ да ги прифати и СМС пораките во овој предмет.

Четворицата се обвинети дека во втората половина на 2012 година и во текот на 2013 година презеле повеќе дејствија со кои во постапката за избор на компанија за изградба на автопатите Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид ги искористиле и пречекориле своите овластувања.

Со тоа, според СЈО, му нанеле штета на државниот буџет од најмалку 155 милиони евра и за истиот износ на компанијата изведувач и овозможиле да се стекне со имотна корист

Advertisements
To Top