Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Иако филмот „Сам дома“ излезе во денес веќе не така блиската 1990 година, неговата популарност не спласнува, а теориите кои се посветени на оваа филмска комедија стануваат сè пооткачени како што минува времето. Најновата доаѓа од Редит, каде еден корисник прашува од каде семејството МекКалистер има толку пари, заклучувајќи дека таткото од малиот Кевин сигурно мора да е некој криминалец.
Во филмот никаде не се објаснува со што се занимава таткото на кевин, за да може да си дозволи толку скапи семејни одмори и толку голема семејна куќа, со оглед на фактот дека мајката од Кевин е домаќинка и дека имаат пет деца. Најновата теорија која се пласира на социјалните мрежи е дека Питер МекКалистер се бави со нешто нелегално.
„Сам дома е еден од моите омилени филмови и го имам гледано милион пати, па почнав да забележувам некои работи кои не ми паѓаа на ум кога бев клинец. Една од нив е идејата дека таткото од Кевин се занимава со некаков матен бизнис. Мојата теорија е дека тој е криминалец или мафијаш од среден ранг“, тврди Редит корисникот.
Тој понуди и неколку објаснувања на својата теорија.
„Прв пат го гледаме Питер кога Хери доаѓа во нивната куќа преправен во полицаец. Питер при таа средба се однесува доста дефанзивно. Хери го прашува кој е сопственик на куќата, а Питер веднаш се вознемирува и мисли дека е некаква неволја во прашање. Постојано има нервозен израз на лицето додека разговара со Хери“, тврди „редиташот“.
Дополнително, тој се повикува и на отсуството на информации за професионалната вокација на таткото.
„Не се спомнува ништо за неговата работа, дури ни со што се занимава. Дури и во книгата, напишана пред филмот, според која е снимена домашната празнична комедија, не пишува ништо освен дека се занимава со бизнис, што е доста матно објаснување. Питер очигледно заработува доволно пари за неговата сопруга да не мора да работи ништо, иако имаат пет деца. Нивната куќа, исто така, мора да вреди барем милион и пол долари“, додава „конспираторот“.
Дури и однесувањето на членовите на семејството, вели „редиташот“, оди во прилог на неговата теорија.
„Мајката од Кевин е ладна и емотивно мртва кучка која му говори страшни нешта на осумгодишниот син. Баз е заебан психопат кој веројатно ќе оди по стапките од таткото. Вујко Френк очигледно е некаков измамник. А тука е и Кевин, кој очигледно смета дека е во ред да ги убие двајцата разбојници. Не мислам дека неговата идеја е само да ги онеспособи, тој сакаше крв. Кога имав осум години, бев совршено свесен дека, ако фрлам пегла на некого врз главата од шест метри висина, тој може да умре“, заклучува тој.