Нова тактика: Слободен удар со три „живи ѕида“ – погледнете дали е успешна


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Фудбалот никогаш не престанува да изненадува, а сега изненадување видовме во натпреварот на женските селекции на Италија и Малта.

Валентина Чернола од Италија изведе интересен и несекојдневен слободен удар против Малта во кој имаше поставено „три живи ѕида“.

Пред голманката на Малта стоеа три Италијанки, потоа четири репрезентативки на Малта кои го сочинуваа вообичаениот жив ѕид и уште четири Италијанки кои беа најблиску до топката.

Во моментот кога Чернола зема залет Италијанките се растрчаа во намера да ги збунат своите противнички. Погледнете како заврши оваа ситуација.