Нова страница во економијата на Стариот континент – ќе се формира Европски монетарен фонд


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Во пакетот од пет мерки кои Европската комисија ги предложи како економски реформи на еврозоната и зголемување на финансиската отпорност кон идните економски кризи, се најде и предлогот за формирање на Европски монетарен фонд, по терк на концептот на ММФ.

Задачата на ЕМФ би била обезбедување кредити за земјите членки кои се во финансиски проблеми, но би можел да развие и нови финансиски инструменти кои би биле користени за давање на дополнителна помош на членките погодени од финансиски проблеми, пренесува Ројтерс.

Предложено е и формирање на функцијата на европскиот министер за економија и финансии, која би почнала со работа од ноември 2019 година.

Министерот истовремено ќе биде претседател на Европската комисија, претседател на еврогрупата и би ја надгледувал работата на новиот Европски монетарен фонд.

Европската комисија предложи и воспоставување на нов стабилизационен инструмент, кој на земјите погодени од кризата би им помогнал, благодарение на финансиската поддршка на ЕУ, да го одржат истото ниво на инвестиции како и во добри времиња.