Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
После смртта на русинот Максим Дадашев, уште една тажна вест ја потресе светската боксерска јавност. Почина аргентинскиот боксер Хуго Сантилан од последици претрпени од удари во текот на меч.
Младиот боксер во саботата имаше борба, а по неколку дена почина од последиците зададени од ударите во текот на борбата. Минатиот викенд тој се бореше со Едуардо Хавиер Абрео, а мечот заврши нерешено.
На Сантилјан во 4 рунда му прокрвари носот, но продолжи да се бори, а кога заврши мечот се онесвести.
По борбата имаше две операции на мозокот поради згрутчување, но на крајот почина.
Имаше само 23 години, а во кариерата постигна 19 победи, 6 порази и 2 нерешени борби.
https://youtu.be/BA58KzFj_dw