Home Актуелно Нова содржина за посетителите на Градскиот парк

Нова содржина за посетителите на Градскиот парк

Градоначалникот на Скопје Шилегов денеска оствари средба со групата на волонтери од Бон, СР Германија, кои изминатиов период работеа на креирање ново катче и инсталација во првиот дел од Градскиот парк.

Новото катче во Градскиот парк се состои од кружна патека од различни материјали: парчиња од дрво, природни камења, тревник, калдрма, цементирани плочи и други материјали кои ја подобруваат циркулацијата, односно ќе треба да го поттикнуваат движењето, да ги активираат сетилата, а со тоа да даваат и добар здравствен ефект кај децата. Идејата е децата да газат и да се движат боси, а до самата патека ќе биде поставено и шкафче за чевли. Во средината на катчето ќе биде поставен сончев часовник каде што преку сенката на детето ќе може да се види колку е часот.


Шилегов им се заблагодари на Антје Калер (Antje Kahlert) и Никлас Рот (Niklas Rott), консултанти од Одделот за финансирање на градот Бон, кои работеа на овој проект. Нивната прва посета во Скопје беше минатата година со уште пет едукатори со кои заеднички размислуваа за изработка на креативен проект во градот. Во реализацијата на оваа интересна нова содржина вклучени беа седум тренери, стручни волонтери, вработени од областа на театарот, градинарството и хортикултурата од градот Бон, како и претставници од ЈП „Улици и патишта“ и ЈП„Паркови и зеленило“.

Град Скопје и Град Бон соработуваат од 2015 година преку проекти како Ерасмус Плус и „Nice to work with you!“. Соработката се заснова на идејата како Градот Скопје да се промовира во урбаниот туризам.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…