Нова ситуација во случајот „Ѓоковиќ на Австралија Опен 2022“ – тенисерот не доби виза за влез во Австралија


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Новак Ѓоковиќ иако потврди дека ќе игра на Австралија Опен и отпатува за Австралија, сепак тенисерот не доби виза за влез во земјата.

Српскиот тенисер тврдел дека не може да се вакцинира поради здравствен проблем, но Владата на Викторија не го признала доказот и го одбила неговото барање. Сега Ѓоковиќ има право на жалба и останува да видиме што ќе се случува во наредните неколку часа кога треба да има конечна разврска на целиот случај.

Претходно и премиерот на Австралија јасно порача дека нема да има „медицински исклучок“ како што најави Ѓоковиќ, доколку ги нема потребните документи (доказ дека не смее да се вакцинира).

Ѓоковиќ претходно добил дозвола од стручна здравствена комисија на Австралија Опен, меѓутоа не и од австралиската влада.