Нова серија земјотреси од кои најсилниот беше 6,4 степени ја погодија Турција – најмалку 11 нови жртви (снимки)


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Најмалку 11 лица загинаа, а 213 се повредени во новата серија стравични земјотреси што синоќа ја погодија Турција.

Најсилниот од серијата земјотреси со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала ја погоди областа Хатај. Веднаш потоа следеше втор земјотрес со јачина од 5,8 степени според Рихтеровата скала.

Првиот удар со јачина од 6,4 степени со епицентар во Дефне, област на петнаесет минути возење од Антакија, се случи во 20.04 часот (18.04 по средноевропско време) и беше силно почувствуван во Антакија и Адана, двесте километри на север.

На социјалните мрежи се споделува видео од уривање на зграда по земјотресот во Хатај. Медиумите јавуваат дека многу луѓе останале под урнатините.

Според ЕМСЦ, епицентарот на земјотресот бил на 14 километри југозападно од Антакија, на длабочина од 10 километри.