Нова романса на повидок: Џоли вљубена во зафатен телохранител?


Одиме јако! Не чека ЛУД викенд! ↓↓↓


Во американските медиуми како бомба одена веста дека во приватниот живот на Анџелина Џоли постои нов маж. Наводно станува збор за телохранител кој е во љубовна врска со друга девојка, а кого Џоли го запознала на снимањето на филмот „Those Who Wish Me Dead“.

Снимател од филмската екипа за споменатиот илм за National Enquirer тврди дека Џоли и анонимниот телохранител толку се зближиле што секој слободен момент го минувале заедно. Тоа не ѝ се допаднало на девојката од типот, поради што таа почнала да доаѓа на снимањето на филмските сетови, што со време почнало да ја вознемирува цела филмска екипа.

„Ќе дојдеше ненајавено на снимање и ќе ги набљудуваше што прават тие двајца“, открива снимателот

Овие наводи беа демантирани преку Business Times.

„Сите тие приказни се лажни. Џоли, пред сè, сака да се фокусира на својата кариера и на своите деца“, вели нивниот извор.

Инаку, после повеќемесечната судска драма за старателство над децата, Анџелина Џоли конечно постигна договор со бившиот сопруг Бред Пит.