Нова премиера во МНТ – „Дух“ по текст на Дејан Дуковски


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Претставата „Дух“ од Дејан Дуковски, во режија на Срѓан Јаниќијевиќ, во вторник, 24 април, премиерно ќе биде изведена во Македонкиот народен театар.

Главната улога на духот ја толкува Гораст Цветковски, а играат и Никола Ацески, Емил Рубен, Тања Кочовска, Ивица Димитријевиќ, Тина Трпкоска, Оливер Митковски, Матеа Јанковска, Сашко Коцев, Нина Деан, Јордан Симонов и Тони Михајловски.

На денешната прес-конференција режисерот рече дека ова е прва претстава на МНТ поддржана од Министерството за култура за 2018 година, во соработка со „Контрапункт“ и со поддршка од Општина Центар.

Според него, текстот на Дејан Дуковски е поинаков од сè што напишал досега, а можеби и еден од најдобрите. Режисерот истакнал дека оваа претстава ќе се игра долго.