Нова лудорија на интернет: Си ги мачкаат градите со паста за заби за „да им биле поголеми“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Интернетот врие со секакви, и корисни и луди, па и бизарни, совети и трикови за разубавување, а еден од последните такви во игра ги клава пастата за заби и женските гради.

Разни „јутјуберки“ ги мачкаа своите гради со паста за миење заби тврдејќи дека тоа помага за зголемување на бројот на деколтетот. И ова го прават најсериозно.

Сè започна кога „јутјуберката“ Naturalbeauty55 објави видео со наслов „Зацврстете ги провиснатите гради за само пет дена со помош на паста за заби“. Во видеото таа смесата за „зголемување на градите“ ја направи од паста за заби, морков, брашно, краставица и јајце, па со неа ги триеше своите гради три до четири минути.

Нормално, не покажа никаки фотки за евентуалните ефекти од тој нејзин трик, а од друга страна, тврди дека разликата во големината на градите после третманот е огромна. „Едноставен е, природен и ефикасен начин како да ги зацврстите провиснатите гради. Како магија е“, тврди блогерката.

После неа, уште една блогерка со име Roxy Brilange, мешаше паста за заби и вазелин, но таа се пожали дека промени во големината не гледа.

Директорот на лондонската клиника за естетски операции, Кристофер Инглфилд, за британски Metro изјави дека пастата за заби не може и нема да ги зголеми женските гради, апелирајќи припадничките на понежниот пол да не паѓаат на такви муабети.

„За жал, интернетот е полн со лажни совети, а вазелинот и пастата за заби се обична глупост“, порача тој.