Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Според најновата престижна статистичка листа со најбогати луѓе на светот која ја изработи Forbes, претседателот на САД Доналд Трамп се искачи за 51 место погоре од претходната позиција меѓу светските милијардери според неговото богатство. Од Forbes истакнуваат дека неговата позиција се подобрила само поради намалувањето на богатството на другите.
Богатството од Трамп се проценува на 3,1 милијарда долари и остана исто, соопшти Forbes при објавувањето на својата годишна листа на најбогатите луѓе за 2019 година. Трамп е на 715 место.
Весникот пишува дека 993 милијардери, што е рекорден број, изгубиле дел од богаството од листата за минатата година. Во моментов во светот има 2.153 милијардери, 55 помалку отколку во 2018.
На врвот останаа истите тројца богаташи. Прв е шефот на Амазон Џеф Безос со 131 милијарда долари, втор е коосновачот на Мајкрософт Бил Гејтс со 96 милијарди, а трет инвеститорот Ворен Бафет со 82 милијарди долари. Основачот на Фејсбук Марк Закерберг е на осмото место.
Истакната нова личност на листата е Кајли Џенер, 21-годишна ријалити ѕвезда на која продажбата на козметика ѝ помогна да стане најмладата на листата. Таа се наоѓа на 2057 место.
Вкупното богатство на милијардерите годинава падна на 8,7 трилиони долари, од 9,1 од минатата година.
Тоа е прв пад на бројот на милијардерите и нивното богатство од 2016 и само втор во деценијата, истакнува Forbes.
Најмногу милијардери имаат САД, дури 607, а по нив се Кина со 324, Германија со 114, Индија со 106 и Русија со 98 милијардери.