Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Лицето кое со закани преку социјалната мрежа Фејсбук го изрази својот став и со тоа предизвика загрозување на безбедноста на пратениците во Собранието, ќе заработи кривична пријава.
Познато е дека пријавата ќе се однесува на лицето А.Н (38) од скопско Коњари кој е под сомнение дека сторил кривично дело загрозување на сигурноста и ширење на расистички и ксенофобични материјали по пат на компјутерски систем. Полицијата во неговиот дом изврши претрес и одзема предмети кои се во интерес на истрагата, а осомничениот е повикан на распит во полициска станица.
Од полицијата велат дека секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика и натаму ќе продолжи со овие активности, се со цел санкционирање на ваквите случаи, и исто така ги охрабри граѓаните кои се изложени на вакви закани да се обратат до полицијата и да пријават. Во следните денови најавени се и други кривични пријави.
Инаку, осуммината опозициски пратеници кои гласаа „за“ отворање на уставот се под 24-часовна полициска заштита, бидејќи постојано добиваат закани во пишани пораки на социјалните мрежи.