Нова кредитна линија од 100 милиони евра од Европската инвестициска банка


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Министерството за финансии потпиша договор со Европската инвестициска банка (ЕИБ) за нова кредитна линија од 100 милиони евра за мали и средни компании кои ќе можат да аплицираат преку Македонската банка за поддршка и развој.

Каматната стапка на кредитите за бизнисот ќе биде околу 3,5 отсто, за вредност од 6.000 до 3 милиони евра. Кредитите се наменети за инвестиции, набавка на опрема, градежни материјали, машини, транспортни средства, финансирање на обртни средства.

„Со оваа кредитна линија се поддржува приближувањето на земјата кон Европската Унија. Имаме намера во иднина, освен за малите и средни претпријатија поддршката да ја фокусираме и на транспортот, енергијата и заштитата на животната средина во земјава“, рече Ендру МекДауел, заменик-директор на ЕИБ.

Кредитната линија ќе биде достапна во наредните две години и ќе има рок за враќање од 12 години со грејс-период од две до четири години во зависност од проектот. До сега вкупната поддршка од ЕИБ за земјава изнесува 450 милиони евра.