Нова глупост на Јунајтед: Го продадоа за два, а сега го купуваат за 25 милиони!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Во 2012 година Манчестер Јунајтед без обештетување го пушти тогаш 18 годишниот Пол Погба, а само неколку години подоцна за истиот фудбалер платија неверојатни 105 милиони евра.

Иако ова важи за најголемата грешка во историјата на Манчестер Јунајтед, сепак тоа не е единствената која ја направиле „црвените ѓаволи“ во проценката на млади фудбалери.

Имено, Јунајтед наводно веќе го договорил трансферот на дефанзивецот на Барнли, Мајкл Кин за 25 милиони фунти. Ова не е обична трансфер вест бидејќи истиот фудбалер пред само две години беше практично избркан од „Олд Трафорд“ и продаден за само два милиони фунти.

Кин е дете на Јунајтед, кариерата ја започна на „Олд Трафорд“, а за првиот тим има запишано само еден настап. Најпрво беше на позајмица во неколку клубови за во 2014 година „црвените ѓаволи“ да го продадат на Барнли.

Во меѓувреме Кин стана англиски репрезентативец, а Мурињо на кого очајнички му треба врвен дефанзивец сега е спремен да плати 25 милиони фунти за неговиот потпис.

Кин одигра фантастична сезона во Барнли и за него покрај Јунајтед силен интерес покажуваат уште Арсенал и Ливерпул.