Нова фалсификаторска афера во Скопје: Пазареле со лажни 500-денарки, имале и „фалш“ евра


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Двајца скопјани биле уапсени поради обид да пуштат оптек фалификувани денари, а во себе имале и лажни евра, информираше МВР.

Станува збор за А.Л. (43) и Х.Б. (42), против кои Единицата за економски и компјутерски криминал поднесе кривични пријави за фалсификување пари.

– По преземени оперативни мерки и активности констатирано е дека приведените на крајот од минатата година, односно на 30.12. 2017, во супер маркет “Тинекс“ во промет пуштиле 20 фалсификувани банкноти во апоени од 500 денари- велат од МВР.

При лишувањето од слобода и извршениот претрес, кај А.Л. се пронајдени шест банкноти во апоени од по 100 евра, шест банкноти во апоени од по 50 евра, три банкноти во апоени од по 500 денари, една банкнота од 1.000 денари, две банкноти во апоени од по 100 денари и една банкнота од 200 денари. При тоа е утврдено дека две банкноти од по 100 евра и две банкноти во апоени од по 500 денари се фалсификувани и подготвени за пуштање во промет од страна на А.Л., кај кого е пронајдена фалсификувана лична карта.