Нова ерупција на вулканот Етна


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Вулканот Етна, на италијанскиот остров Сицилија, вчера повторно еруптираше, за прв пат во 2022 година, пренесе Италијанскиот национален институт за геофизика и вулканологија.

Ерупцијата се случи во областа на југоисточниот кратер, предизвикувајќи лесен дожд од пепел. Денеска наутро, вулканските потреси се искачија на просечни вредности, а протокот на лава е сè уште активен, објави ИНГВ.

Етна е најголемиот и најактивниот вулкан во Европа. Неговите чести ерупции често се придружени со големи текови на лава, но ретко претставуваат опасност за населените области.