Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Килауа е еден од најактивните вулкани на светот кој повторно почна да исфрла лава, но засега само од главниот кратер и не е закана за населението, соопштија американските власти.
„Вулканот исфрла лава во висина од петкатница”, објави на Твитер, Американскиот геофизички завод.
Првите пукнатини на кратерот се појавиле во средата, а набрзо се претвориле во реки лава вжарена на 1.100 степени целзиусови.ерупцијата засега не е закана, но привлекува туристи.
Килауа е еден од петте вулкани на хаваи, најголемиот остров во пацифичкиот архипелаг. Во 2018 година ерупцијата на килауа уништи стотици куќи, а дваесетина луѓе кои беа на брод и од таму ја набљудуваа активноста на вулканот, беа повредени кога лавата стигна до океанот. Еден од нив беше тешко повреден од прскањето на магмата.