Home Спорт Нова драма на Класниќ: Никој повеќе не може да ми помогне!

Нова драма на Класниќ: Никој повеќе не може да ми помогне!

Бившиот хрватски репрезентативец, Иван Класиниќ го тужеше докторот од својот поранешен клуб, Вердер Бремен поради неправилно лечење на бубрезите.

Класиниќ минатата година направи трета трансплантација на бубрегот. неговото тело го одби донираниот бубрег од мајка му, го прифати од татко му, но и тој подоцна откажа. Последната операција ја имаше лани, засега нема проблеми, но прашање е колку долго.

„Колку ќе издржи овој бубрег само Бог знае. Никој од семејството повеќе не може да ми помогне“, изјави Класниќ за германските медиуми.

Класниќ ја доби правната битка со докторите Гец Димански и Манју Гуха од Вердер кои ги тужеше за грешки при третманот. Тие треба да платат 100 илјади евра отштета и да го сносат сите трошоци на натамошното лекување на поранешниот фудбалер.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…