Култура

Нова димензија на сценско музичко доживување: Барокна претстава во Скопје

Септември е месец каде културните и музички манифестации совршено прилегаат на општествената агенда за културен раст и развој. Поради тоа ЗГУРМК „Полифонија“ од Скопје организира неколку атрактивни музичко сценски проекти чии композиции никогаш до сега не се изведени во државата во професионален состав.На 20. септември 2019 ќе се одржи уникатна барокната претстава „Dido and Aeneas“ во камерната сала на Македонската Филхармонија во Скопје.

„Dido and Aeneas“ е едночасовна барокна опера базирана врз поезија на Римскиот поет Виргилиј. Музиката е напишана од еден од најславните англиски композитори на сите времиња, Henry Purcell. Претставата која се смета како монументално дело на Барокот раскажува за љубовта на Картагенската кралица Дидо кон Тројанскиот херој Енеј и нејзинатаогорченост кога поради политички причини тој ја напушта. Во претставата е сместена и аријата Dido’s Lament која е една од најграндиозните лирски мелодии на барокот.За оваа композиција потребна е барокна артикулација и специфики на изведба кои ќе бидат претставени и пренесени до нашите солисти преку реномирани барокни уметници од Канада и Германија како и и македонските уметници Васил Гарванлиев, Емилио Перцан и Сања Шуплевска.

Г.А.П. Гиовани Антонио Пијани (Германија) е класичен ансамбл специјализиран за барокни перформанси и како таков еденоднајбаранитебарокниансамбливоЕвропа. Ансамблот е предводен од виолинистот Емилио Перцан, професор на универзитетот во Грац, Австрија.ВасилГарванлиевкојпосвојатадве-децениска светскакариера(со професионални ангажмани во еминентни центри во Чикаго, Торонто, Милано и Лондон) запрвпатнастапувасооперскаулогапреднашатапублика во улогата на Енеј. ОперскатадиваКристадеСилва(Канада)којапосолистички улоги (Кармен, Кандид, Идаманте, Консепција) наеминентни подиуми како ОперадуМонтреал,Калгарии Едмонтон Операзапрвпатнастапувапред Македонскатапублика во улога на Дидо. ЛаураЏинЕлигсенод Канада која во овој момент е професионално ангажирана во грандиозната ШтацОперВиена,Австрија, ќе се претстави со улогата на Белинда. Ансамблот ИН МЕДИАС РЕС на Полифонија е составен од домашни извонредноталентиранисолисти и пејачи.

Проектот е поддржан од Министерството за Култура, Гете-институт во Скопје и Канадскиот Музички Центар во Скопје.

Претставите кои ги подготвува „Полифонија“ за сезоната 2019во соработка со Канадскиот Музички Центар во Скопје и реномирани музички групи и уметници од Германија и Австрија имаат заеднички акцент кој е ставен на современи техники за соодветнопретставување на музиката и солистите.Со тоа публиката би имала можност одблиску да го доживее овој вид на уметност кој е инструмент на долгогодишна Европска традиција и комуникација.

Advertisements
To Top