Home Актуелно Нова акција во операцијата „Армагедон“: Во Србија уапсени поголема група педофили – меѓу жртвите имало деца и од 3-4 години

Нова акција во операцијата „Армагедон“: Во Србија уапсени поголема група педофили – меѓу жртвите имало деца и од 3-4 години

Српските полициски служби уапсиле „поголема група“ лица осомничени за педофилија, а меѓу жртвите има и тригодишно дете, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВП).

Акцијата Аргамедон била спроведена на целата територија на Србија, а МВР наведува дека станува збор за „група сексуални предатори кои злоупотребиле интернет и вршеле криминални дејствија на штета на девојчиња и момчиња“, пренесе РТС.

Меѓу уапсените има и повратници кои претходно биле уапсени за сексуална експлоатација на малолетници преку Интернет, соопшти МУП.

Не беше прецизирано колку лица се уапсени.

Акцијата ја спроведоа припадници на Управата за технологија и Службата за борба против високотехнолошки криминал на МУП, во соработка со Обвинителството за високотехнолошки криминал.

Акцијата Армагедон започна во 2010 година на територијата на цела Србија, а има за цел сузбивање на експлоатација на малолетници за порнографски цели преку Интернет.

Армагедон е една од најдолгите полициски операции во земјата. Во неа досега се уапсени стотици луѓе.

Бројот на регистрирани педофили во Србија е 675, покажуваат најновите податоци на Управата за извршување на кривични санкции од август 2023 година.

Тој број е зголемен од 544 регистрирани педофили во јули 2022 година.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…