Нов закон потпишан од Путин – на резервистите кои ќе одбегнуваат мобилизација им се закануваат до 10 години затвор


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Претседателот на Русија Владимир Путин потпиша измени на законот кои предвидуваат до десет години затвор за резервистите кои ќе избегнат мобилизација, ќе дезертираат, ќе се предадат или ќе одбијат да се борат.

Тие измени на кривичниот закон предвидуваат казни до десет години затвор за војниците кои ќе дезертираат, нема да се одзват на мобилизација, неовластено ќе му се предадат на непријателот или ќе одбијат да се борат. Грабежот пак се казнува со казна до 15 години затвор.

Законските измени следат откако Русија неделава прогласи делумна мобилизација на резервистите за специјалната воена операција во Украина, каде руските сили во последните недели беа приморани да се повлечат од неколку места.

Додека Москва се труди да регрутира резервисти за боиштата во Украина, рускиот претседател Владимир Путин денес потпиша закон кој го олеснува добивањето руско државјанство за странците кои се пријавуваат во војска.

Според тој закон, странците кои ќе се придружат на војската на период од најмалку една година ќе можат да поднесат барање за државјанство а притоа не мораат да имаат пет години престој на руска територија, што инаку е потребно. Оваа мерка е главно насочена на мигрантите од поранешните советски републики од централна Азија.