Нов вооружен инцидент во американско училиште – убиено едно девојче


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Нов вооружен инцидент со пукање во средно училиште се случи во Соединетите американски држави. Убиено е седумнаесетгодишно девојче во училиште во Алабама, а еден соученик е ранет. Властите соопштија дека инцидентот бил ненамерен.

Лицето кое пукало е од училиштето, но не е откриен неговиот идентитет. Според началникот на полицијата во Бирмингем, Орландо Вилсон, истражителите ги испитуваат околностите на инцидентот. Засега никој не е уапсен.

Овој инцидент следи по масакрот во средно училиште во Флорида минатиот месец, кога 17 годишниот Николас Круз уби 17 ученици и професори, а рани 15.