Нов црн рекорд: 196 новозаразени со коронавирус во последните 24 часа, осум починати пациенти


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Новата дневна статистика во врска со состојбата со коронавирусот во Македонија бележи нов црн рекорд – осум пациенти починаа, 196 граѓани имаат позитивни тестови а 167 пациенти се хоспитализирани во двата Ковид центри – Инфективната Клиника и Градска болница „8 септември“. Бројката на жртви се искачи на 179 лица а во моментов активни се 2.011 случаи од кои повеќе од половината се во Скопје.

„На Инфективната клиника починаа две лица од Скопје – пациентка на возраст од 76 години, хоспитализирана пред 10 дена, пациент на возраст од 67 години – хоспитализиран пред 8 дена и пациентка од Гостивар на возраст од 31 година која е хоспитализирана на 26 мај. Во ГОБ „8 септември“ починаа двајца пациенти од Скопје на возраст од 43 години – хоспитализиран на 11 јуни, пациентка на возраст од 59 години, хоспитализирана на 10 јуни и пациент од Струга на возраст од 56 години, хоспитализиран на 2 јуни. Во болницата во Битола почина пациент од Ресен на 68 години, хоспитализиран во текот на вчерашниот ден. Во болницата во Охрид почина пациент на возраст од 81 години, хоспитализиран на 10 јуни“, соопштија од министерството за здравство.

Најголем број од новозаболените се од Скопје – 90 и од Тетово – 45, каде се откриени два нови кластери.

Во моментов најмногу активни случаи има во Скопје – 1.124, во Куманово има 216 заболени од кои повеќето се во Липковскиот регион, во Тетово сега има 209 заболени,во Штип се активни 195 случаи, бројката расте во Охрид каде за само неколку дена се потврдени 48 заболени, во Струга има 46 а во Гостивар 40 активни случаи.

Она што загрижува е исполнетоста на болницчките Капацитети. Во моментов на Инфективната клиника се хоспитализирани 94 пациенти од кои 35 се на кислородна поддршка. Во Градската болница „8 септември’ има 73 хоспитализарни од кои девет,мина се на респиратор а 11 се со тешка клиничка слика. Во болницата во Битола се хоспитализирани 19 пациенти, а на домашно лекување преку болницата се следат 4 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 21 пациент. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 54 пациент – позитивни и сомнителни на ковид-19.