Нов светски рекорд: Уметничката колекција на Рокфелер продадена за 800 милиони долари


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Уметничката колекција која ја поседуваа милијардерот Дејвид Рокфелер и на неговата сопруга Пеги, на аукциско наддавање во Њујорк постави нов светски рекорд.

Уметничката колекција на Рокфелер беше продадена за 800 милиони долари, со што е срушен светскиот рекорд за најмногу потрошени пари на аукција на еден сопственик.

Претходниот рекорд беше забележан на аукцијата на имотот на Ив Сен Лорен во 2009 година, кога сите предмети беа продадени по цена од 484 милиони долари.

На тридневната аукција на уметнички дела и други предмети на Пеги и Дејвид Рокфелер, продадена е сликата на Пикасо на која девојче држи корпа со цвеќиња за 115 милиони долари, како и слика од Клод Моне за 84 милиони долари.

Аукциската куќа „Кристис“ соопшти дека се продадени сите 893 предмети на аукцијата која се одвиваше во живо.

Останати се само некои предмети, како панделки и каси за собирање на монети, за кои понуди се примаат преку интернет.