Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Два класични џипа од редот на автомобилскиот гигант Мерцедес „ровареа“ на падините на највисокиот активен вулкан на светот, 6.893 метри високиот Охос де Саладо, во Чиле.
Чилеанските истражувачи добија задача да постават радиостаници на четири стратешки локации. Поставија кампови при искачувањето, највисокиот на 6.100 метри надморска височина. Еден од џиповите не застана тука, туку се обиде да го сруши светскиот рекорд. Достигна надморска височина од 6.694 метри.
Иако овие возила се исклучително способни , од истражувачите до војската, беа потребни посебни модификации. Покрај модификациите на каросеријата и поставување на специјални гуми, специјалната дивизија на Мерцедес инсталира и активен центар на гравитациониот систем. Моторот остана стандарден, 5,1-литарски четирицилиндричен турбодизел, испорачувајќи 231 КС и 900 Nm во својот најмоќен дизајн. Унимог го сруши претходниот рекорд, кој го имаше Сузуки Самурај. Во 2007 година овој вид џип, исто така на Андите, постигна резултат од 6688 метри. Сепак, Гинис сè уште не го потврдил овој рекорд.
Да потсетиме, Unimog, или Universal-Motor-Gerät, е создаден во 1951 година и оттогаш е произведен во над 300.000 примероци. Со генерации, Унимог ги исполнува задачите при транспорт на сите видови градежни работи, експедиции, во земјоделство, пожарникарство и поддршка за воени потреби. Главен настан во историјата на ова возило во 2005 година беше Црното издание, во изведба на Брабус (6,4; 286 КС / 1.100 Nm). Последната генерација беше претставена во 2002 година во три основни изданија, а последниот редизајн се случи во 2013 година. Поливалентноста на возилото најдобро се илустрира со фактот дека Unimog може да прифати над 170 различни конектори.