НОВ СПОР ЗА ИМЕТО ОД УКРАИНА: Русија да се преименува!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Кога може Грција да успее Македонија да си го смени името, зошто тоа да не го направи и Украина. Писателката Лариса Ницој предложи Русија да си го смени името и во иднина да се вика „Московија“. Според неа, Русија го украла името токму од Украинците.

„Ние сме всушност Руси, а тие се Московјани. Московското царство со указот на Петар Први себе си се нарече Рус. Замислете денес Германија да се разбуди, а Франција да издаде указ – ние сме денес Германија“, вели писателката.

Според неа, императорката Екатерина Втора издала указ според кој сите кои се нарекуваат Московјани треба да бидат казнети со ќотек.


„Тоа е историски факт, тоа се наоѓа во музеите“, вели Ницој.

Лариса Ницој е позната по провокативните искази во врска со руско-украинските односи. Во февруари жестоко реагираше откако жители на Киев зборуваа на руски јазик, а пред неколку дена приреди скандал кога слушна руски говор во зградата на Службата за безбедност на Украина.

Инаку, историски терминот Рус е поврзан со Киевска Русија која заедно со Новгородското кнежество се сметаат за првите поголеми руски држави кои се темелот на царска Русија. За оставштината на Киевска Русија постои спор помеѓу Украина и Русија.