Нов скандал во Италија: Два клуба ќе „летаат“ од Серија А


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Само неколку дена пред да биде извлечена официјалната програма за престојната сезона во Серија А, два клуба можат да бидат исфрлени од италијанската елита.

Имено, тимовите на Киево и Парма може да бидат исфрлени од Серија А поради финансиски измами и „договарање“ на крајниот резултат на некои натпревари.

Обвинителството на Италија веќе ги процесуира двата случаи кои утре ќе бидат разгледани во трибуналниот суд.

Најголем „профот“ од целата ситуација може да имаат тимовите на Палермо и Кротоне. Тимот на Несторовски и Трајковски може да го заземе местото на Парма во Серија А, додека пак Кротоне ќе остане во Серија А на местото на Киево.

Судот ќе донесе одлука во следните неколку дена, а комплетната програма за престојната сезона ќе биде извлечена на 26-ти јули.