Славни

Нов скандал го тресе шоубизнисот: Мараја Кери обвинета за сексуална злоупотреба

Поп дивата и една од најпопуларите пејачки во изминативе две децении на светско рамниште, Мараја Кери, заработи кривична пријава и ќе оди на судење под обвинение за сексуално вознемирување.

А поднесител на обвинението и тужител не е било кој, туку нејзината бивша менаџерка, Стела Булочников која до пред извесно време била една од најблиските пријателки на пејачката.

Обвинителството тврди дека Кери била „постојано гола“ пред менаџерката, според која, оваа голотија е вид сексуално вознемирување, пишува „TMZ“.

Булочников тврди дека во почетокот на службените односи, пејачката поретко си дозволувала слична слобода, но малку пред да се разделат таа се шетала гола речиси постојано, а освен тоа вршела „несомнено сексуални“ дејствија во присуство на менаџерката.

„Прво бев шокирана, а потоа ми се згади. Се обидов да покажам на Мараја дека не сум таков човек, но таа не сакаше да разбере и продолжуваше да се однесува претенциозно. Конечно се разделивме“, тврди Стела Булочников.

Според „TMZ“ таа имала тригодишен договор, кој бил прекинат еднострано и работодавецот и должи „огромна сума“ како казна.

„Мараја и должи на Стела дестици милиони долари“, пишува претставник на менаџерката пред „Daily Mail“.

Според податоците на „Forbes“ во 2015 година, кога договорот меѓу двете бил потпишан, Мараја заработила 27 милиони долари, а за времето во кое била менаџирана од Стела, богатството ѝ е зголемено за околу 100 милиони долари.

Претставник на ѕвездата категорично ги негираше тврдењата како „неосновани“.

Јавно, на изведувачката на вечниот божиќен хит „All I Want for Christmas Is You“ не и оди во последно време. На крајот на 2017 година таа беше обвинета за сексуално малтретирање од свој телохранител, а пред неколку дена призна дека боледува од биполарно растројство.

Претстои да разбереме и дали ќе „олесни“ за неколку милиони долари, кои ќе влезат во џебот на нејзината поранешна службеничка.

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top