Славни

Нов скандал го тресе кланот Кардашијан/Џенер

Славниот „риалити“ пар Кајли Џенер и Тревис Скот изминатиот викенд беа забележани од папараците како го напуштаат хотелот Miami Beach. Носеле спортска облека, па немаше ништо посебно во тој поглед што би гопривлекло вниманието на јавноста, но сепак целиот фокус го привлече лицето на младата мајка.

На него можеше да се забележи модринка која таа се обиде да ја прикрие со нејзиното палтенце, но безуспешно. Околу приказната во Холивуд се појавија две теории.

Првата укажува дека модринката настанала како резултат на хируршки зафат, а втората дека настанала поради нанесен удар.

Покрај Кајли, во медиумите се рашири и веста за хоспитализирањето на нејзината сестра Кендал. Пред да се појави на Оскарите, таа доживеала лоша реакција од витаминска инекција која помага во зголемувањето на енергија, губењето на килограми и ја прави кожата сјајна.

Риалити ѕвездата била примена во медицинскиот центар Cedars Sinai каде веднаш била третирана, но пуштена за кратко време.

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top