Нов шок за родителите: „Бомби“ поврзани со масакрот кај Смилковско Езеро ќе се слушаат во судница


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Нов тек на настаните во судскиот процес за убиствата кај Смилковско Езеро кој е под ингеренција на СЈО. Ново вештачење на 31 телефон ќе биде изработено и претставено како нов доказ на судењето за петкратното убиство во близина на Смилковци на следното рочиште на 22 август.

Во судницата ќе се емитуваат прислушувани разговори, таканаречени „бомби“ кои се поврзуваат со петкратното убиство кај Смилковското езеро на 12 април 2012 година, пренесе Фокус.

Неделникот „Фокус“ веќе објави дека „бомби“ во кои се споменува убиството се 38.000 на број, но останува неизвесно колку од нив се важни за случајот, односно колку ќе одекнат во судница.

За петкратното убиство кај Смилковско Езеро на 12 април 2012 година, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута.

Врховниот суд во декември 2017 година ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири, и им определи мерки на претпазливост. По укинувањето на пресудите, случајот „Монструм“ го презеде СЈО и предметот беше вратен на повторно судење.