Нов рекорд на вредноста на биткоинот

биткоин

Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Вредноста на биткоинот продолжува да расте, па вчера со него се тргуваше за цена од скоро 7.500 долари.

Оваа валута во текот на последните 24 часа достигна вредност од 7.454 долари, пишува Ројтерс. Значи биткоинот може официјално да се пофали дека во изминатите 12 месеци ја зголемила својата цена за повеќе од десет пати.

За последните седум недели крипто-валутата ја удвои својата вредност, запишувајќи го и петтиот по ред квартал на пораст – нешто што не се случило од периодот 2012 – 2013 година, кога валутата уште се немаше пробиено и се тргуваше за под 100 долари.