Нов рекорд: GTA која ја игравме со саати, мајсторот ја помина за помалку од половина час


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Во GTA: San Andreas се содржани точно 100 мисии, односно една повеќе ако се брои и почетокот на играта. За најбрзо минување на играта (популарно наречено „свртување“) до неодамна рекордот го држеше играчот со корисничко име Ielrest, на кој за „свртувањето“ му беа потребни речиси четири часа (поточно 3:52:07). Благодарение на нов трик Powdinet успеа да ја „сврти“ GTA за 25 минути и 52 секунди.

Многумина од оние кои ја играле GTA: San Andreas на играта потрошиле часови и часови играње со цел да ја поминат истата. Сепак, станува збор за култна игра од мегапопуларниот серијал кој и понатаму добро се држи благодарение на GTA V во новата содржина која Rockstar редовно ја донесува во играта.

„Спидранерот“ Powdinet на PC верзијата успеа да го прескокне поголемиот дел од играта и да дојде до самиот крај од истата. Ако мислите дека станува збор за едноставен „bug“ во играте, се лажете. На Reddit е објавен детален опис во повеќе од 40 чекори кои се потребни да ги направите за да биде можна оваа „финта“. Кратко кажано, со таква помош можете да се префрлите на било која мисија во играта на која ќе посакате.

По овој начин на прескокнување во играта се трагаше три години. Пред неколку месеци беше откриен трик со кој тоа беше возможно, но требаше да помине уште извесно време за истиот да биде усовршен. Сега има надеж дека и други „спидранери“ кои ќе го користат истиот трик и ќе се обидат да го соборат новиот рекорд.